Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора поради лошата работа по помалку од една година работа.

Сопственикот на барот, кој беше отворен во центарот на Манчестер во јануари под името „Love from“, вели дека неговата цел била да се обиде да ја промени перцепцијата на британската култура на пиење нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот без алкохол.

Карл Консидин (39) за Тајмс вели дека барот првично работел добро бидејќи бил отворен за време на таканаречениот „сув јануари“ кога околу 8,5 милиони Британци се воздржувале од алкохол.

Сувиот јануари е месец кога, по декемвриските претерувања, многумина доброволно престануваат да пијат алкохол и сакаат да влезат во новата година трезвени, бистри, освежени и поздрави. Во својот бар, Консидин нудел безалкохолни коктели за седум и пол фунти и безалкохолно пиво за шест фунти за половина литар.

Но, како што одминувала годината, бројот на гости почнал да се намалува.

Многумина дури и го продолжуваат „Сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат придобивките што ги видовме и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаа да пијат на отворено. Така забележавме дека блиските локали беа полни додека ние бевме празни. Тоа беше особено видливо за време на фудбалското првенство кога повеќето локали околу нас беа полни, за разлика од нашите“, вели Консидин.

Тој вели дека очекува интерес од многу помлади посетители, особено членовите на генерацијата З, но тоа не се оствари.

Затоа во јули, тој најави затворање поради финансиски тешкотии и силната конкуренција во центарот на градот.

И покрај затворањето на барот, Консидин останува посветен на промовирање на животниот стил без алкохол преку поп-ап настани на фестивали, корпоративни настани и свадби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.