Познатиот американски актер и режисер Мел Гибсон пристигна во Сараево, а веднаш по неговото пристигнување замина на добро познатото место – во популарен ресторан за врвни ќебапи.

Ресторанот на Инстаграм профилот сподели фотографија со Мел и работниците, а во описот ја откри и причината за посетата.

Во друштво на најголемото лице на Холивуд. Преговори за снимање на акционен сет со нас, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати, напишале тие.

Актерот дошол во ресторанот сосема лежерно облечен во црна тренерка, а вниманието го привлекле неговата запуштена коса и брада.

Затоа на прв поглед изгледаше целосно непрепознатливо, па некои не ни веруваат дека е тој, но сопругата на Сеја Брајловиќ во коментарите потврди дека навистина тоа е актерот.

Како што можете да видите, човекот на фотографијата не е Мел Гибсон, а бројните фанови на актерот веднаш го виделе и коментирале: „Овој крмак не е Мел Гибсон, тоа е некој овчар од Јахорина“, „Гибсон мора да има можност за билокација бидејќи тој во исто време беше во Сараево и Лас Вегас на УФЦ“, „Ф*** ова е таа кинеска копија на Мел Гибсон. Воопшто не им излезе добро“.

Како што напишал еден човек, Мел Гибсон е во УФЦ во Лас Вегас како што се гледа на видеото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.