Се верува дека постојат точки на лицето со помош на кои може да се анализира карактерот. Една од нив е бојата на очите.
Темносина боја на очите значи дека личноста е сензуална и отворена, но истовремено нежна и чувствителна.
Темнозелени очи означуваат енергија и инвентивност. Луѓето со зелени очи се спонтани и луцидни и кога сте со нив во друштво, навистина треба да си ја изострите својата интелигенција.
Чоколадно-кафени очи упатуваат на страстен карактер, лојалност и посветеност. Исто така, овие личности напорно работат за да обезбедат удобен живот за своето семејство. Кафените очи обично упатуваат на великодушност.
Сивите очи означуваат висок степен на интелигенција и рафинираност, но недоволно страст, бидејќи овие личности имаат склоност да размислуваат и премеруваат.
Црните очи се многу ретки, а ги имаат доминантни и впечатливи луѓе, кои својата цел нема секогаш да ја постигнат на најфиниот начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.