Симболично, со изгрејсонцето на првиот ден од Новата 2022 година на врвот Пелистер заврши празничната Зимска приказна во Битола, која беше своевиден претпразничен фестивал кој траеше девет денови.

34 планинари своето новогодишно зимско искачување „Први на 1-ви” го започнаа од пред Офицерски дом, кој во декември беше претворен во празничен плоштад каде се одвиваа сите настани. На 30 минути после полноќ планинарите со музика и аплаузи беа испратени во својата прва акција – зимското искачување на Пелистер во Новата 2022.

„Зимска приказна“ во Битола започна на 23 декември на минусни температури со новогодишниот концерт на Фолтин. 57 различни проекти, 60 часови активна програма и илјадници битолчани во публика беа причина градот да Битола да живее претпразнично во посебен амбиент.

 

Десеттици музички групи од сите жанрови, актери, диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, неколку работилници, изложби на само локални учесници, се покажаа како вистински рецепт за добра програма.

Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани. На оваа локација ќе имаа можност за промоција и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација со цел да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење, истакнаа организаторите.

Битола конечно доби настан кој ја направи музички жива во зима, без оглед на минусните температури во првите денови на фестивалот, неколкуте денови со дожд на кој имаше упорно публика и последните сончеви денови кои беа одлични за детската програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.