Бесплатна работилница за фотографија наменета за деца од 8 до 14 години утре среда (30 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје.
На работилницата учесниците ќе можат да дознаат повеќе за тајните на фотографијата и да ги направат своите први фотографии со помош на искусна фотографка.
На оваа работилница децата треба да ги понесат своите мобилни телефони, затоа што со нивна помош ќе учат како се прават суперкул фотографии.
Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк https://bit.ly/Halkifotoavantura
Ова е петта од редицата креативни работилници што летово беа организирани. Последната работилница беше посветена на изработката на мозаици, кога децата со помош на природни материјали – лисја, зрна, песок и друго создаваа уметнички дела.
Ова е претпоследната од едукативните работилници што летово беа организирани во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ поддржана од Халкбанк АД Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.