Битолчанецот Сашо Лазаровски – Брада се бори со белодробен аденокарцином и се лекува во странство.

Неговото семејство финансиски е исцрпено и потребни се средства за лекување.

Броевите за донации се:

A1: 143 401

T mobile: 143 104

Жиро сметка на Комерцијална банка: 300007016351282

Кога татковината беше нападната и имаше потреба од помош, Командантот Сашо Лазаровски – Брада меѓу првите зема пушка во рака и застана во одбрана на Македонија. Сега ние му требаме на него и неговото семејство. Секој колку што може, нека донира. Нема големи и мали донации, има Големи и мали луѓе. Ова не е и нема да биде неговата последна борба! Да ја покажеме хуманоста на дело, како и многупати во минатото, се вели во еден од многубројните апели на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.