Телевизиската ѕвезда, авантурист и поранешен британски специјален агент Беар Грилс го интервјуирал украинскиот претседател Володимир Зеленски за Channel 4 .
За време на снимањето доживеал малку бизарна ситуација која целосно го збунила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bear Grylls OBE (@beargrylls)


Додека снимале и се дружеле, Грилс во еден момент му понудил на Зеленски чоколадо, а обезбедувањето веднаш реагирало проверувајќи дали се обидува да го отруе, изјави тој за Radio Times.

„Кога му го понудив чоколадото на Зеленски, еден од неговите момци скокна и рече дека не треба тоа да го јаде. Јас реков, во ред, прво ќе одам да покажам дека немам намера да го отрујам. и сите се смеевме“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bear Grylls OBE (@beargrylls)

„Им дадов малку на момците од обезбедувањето затоа што сите сакаат парче чоколадо, нели?“, додал тој во интервјуто.
„Најтешката емисија што некогаш сме ја снимиле“, напишал Грилс на својот Инстаграм и додал дека ќе ги „открие страните на овој светски лидер кои досега не биле видени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bear Grylls OBE (@beargrylls)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.