Српскиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага се разведува по 33 години брак, објавија медиумте. Музичарот и неговата сопруга важеа за еден од најскладните парови.

Бајага со години приватниот живот го чуваше далеку од очите на јавноста, но никогаш не пропуштил прилика да каже дека за неговата кариера во голем дел е заслужна неговата сопруга Емилија.

Но, српските медиуми вчера објавија дека Бајага се развел од својата сопруга. Последен пат парот е виден заедно во 2019 година.

Живееле во иста населба, се запознале во автобус, а се венчале во 1989 година. Нивниот брак траел 33 години а ги имаат двете деца, синот Марко и ќерката Ангела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.