Светот ќе заврши, а неизбежниот пад и изумирање на човештвото треба да започне во 2025 година, според предвидување на Баба Ванѓа, жена која наводно имала моќ да лекува, но и да ја предвидува иднината. Оние кои веруваат во нејзините моќи велат дека над 80% од работите што ги предвидела се оствариле.
Иако во модерно време сè помалку луѓе веруваат во пророштва, секогаш е забавно да се дознае што предвидела познатата јасновитка.
Таа почина во 1996 година, но нејзината личност е широко популарна во Источна Европа. Иако нејзините предвидувања никогаш не беа целосно запишани, а многумина ги оспоруваат предвидувањата акредитирани за неа, нејзиното име беше прикачено на многу тврдења, од смртта на принцезата Дијана и катастрофата во Чернобил до 11 септември и изборот на Барак Обама за претседател на САД.
За оваа година, наводно, баба Ванѓа предвидела дека ќе има успешен обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин.
Исто така, предвидела дека терористичките напади низ Европа ќе зачестат, како и дека некоја голема држава ќе тестира биолошки оружја.
Според неа, годинава ќе има голема економска криза што ќе ја почувствува целиот свет.
Наводно, причината ќе бидат неколку фактори, како геополитичка тензија и зголемената економска моќ на Истокот.
Таа предвидела и дека годинава ќе се соочиме со многу природни катастрофи. Ова можеби не е далеку од вистината бидејќи веќе ги чувствуваме ефектите од климатските промени.
Би требало да се подготвиме и за повеќе хакерски напади кои ќе биле насочени на уништување на инфраструктурата на некои земји.
Баба Ванѓа имала и неколку добри предвидувања за оваа година. Според неа, ќе има огромен напредок во медицинските истражувања, особено за сега неизлечливи болести, како Алцхајмер. Исто така, ќе бил откриен и лек за рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.