Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.

Сликано денеска во Дебарца:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар. Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.