Австралиските пожарникари традиционално секоја година објавуваат календар во кој позираат во секси пози, најчесто голи до појас.
Тие направија шест варијанти на календарот, класична, само во фармерки, со животни… Сите приходи од продажбата, како и секоја година, одат во хуманитарни цели.
Мускулестите момци досега им помогнале на многу хуманитарни организации, особено на оние што се грижат за болни деца или за заштита на животни, и очигледно немаат намера да ја прекинат таа традиција.
Календарите ги порачуваат луѓе од целиот свет, а цената е 14.77 евра. За купени три календари следува попуст од 10 проценти.
Календарите се испорачуваат и во Европа, па сега е вистинско време за порачка – да пристигнат навреме за празничната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.