Вкупно околу 15.000 евра се потребни за операцијата со која докторите би се обиделе да го спасат животот на познатиот македонски водител Зоран Василевски – Зоки Фаци. Тој веќе со месеци се бори со оваа дијагноза, и иако не сакаше да бара милост од никој, неговите пријатели се собраа за да му пружат поддршка и да побараат помош од Македонија.

Апелот, кој на социјалните мрежи го сподели водителот Стефан Лазаров, засега ја содржи сметката за донации, а доколку е потребно ќе биде објавен и број за донации.

Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.
Зоки има 25cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.
Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.
На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува, порачува Лазаров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.