Алекс Бети од Олдам, Манчестер, кој исчезнал на семејно патување во Марбела на само 11 години, е пронајден во Франција. Поминале шест години од киднапирањето, а момчето од Англија било пронајдено живо и здраво.

Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година. Откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата почнала истрага.

Бабата и официјален старател на Алекс, Сузан Каруана, која тогаш имала 62 години, рекла дека воделе „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште“.

По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој имал информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло сам во Ревела, во близина на Тулуз.

Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче го даде сопствениот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, денеска , обвинител во Тулуз го потврди тоа во случајот со Алекс Бати“, објави весникот, пренесува „Мирор“.

Истражителите веруваат дека Алекс избегал од руралната заедница во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнително, па повикал полиција. Потоа го испрашале и тој ја открил својата приказна.

Неговата приказна е потврдена и се чини дека одговара на реалноста. По ова рочиште, тинејџерот беше доверен на социјалните служби, додека чекаше да се јават неговите роднини. Раните истраги на судската полиција во соработка со обвинителите сугерираат дека Алекс живеел во „духовна заедница“ со мајка му, и дека претежно престојувал во камп приколки и шатори“, пишуваат медиумите.

Полицијата на Манчестер издала соопштение за случајот и соопштила дека полицајците во Олдам се во контакт со француските власти за да се утврди автентичноста на извештајот.

Ова е сложена и долга истрага и треба да спроведеме дополнителни истраги, како и да поставиме соодветни заштитни мерки. Алекс, кој е од Олдам, Манчестер и имал 11 години во времето на неговото исчезнување, го напушти Обединетото Кралство на 30 септември 2017 година на однапред договорен семеен одмор во Шпанија“, се вели во полициското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.