Компанијата за спортска опрема Адидас предупреди на огромно потенцијално негативно влијание врз нејзината крајна добивка откако го прекина партнерството со американскиот рапер и моден дизајнер, Кање Вест, минатиот ноември.
Новиот шеф на компанијата, изјави дека Адидас може да изгуби стотици милиони долари оваа година ако компанијата одлучи да не ги продаде залихите на патики „Yeezy“. Гигантот за спортска опрема ги прекина врските со Вест, поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.
Бројките зборуваат сами за себе, во моментов го немаме перформансите што треба да ги имаме“, изјави директорот на Адидас, Бјорн Гулден.
Компанијата сè уште размислува дали да се ослободи од преостанатите залихи на патиките „Yeezy“ или да претрпи загуба од 500 милиони евра доколку ги повцлече од пазарот.
Од компанијата очекуваат дека промената на работењето ќе чини дополнителни 200 милиони евра, а тоа може да значи дека Адидас годинава ќе забележи оперативна загуба од 700 милиони евра. Од друга страна, компанијата очекува да има добивка во 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.