Успешно ја заврши големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро, која се одржа на 1-ви јуни 2024 година. Оваа акција, во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ мобилизираше голем број волонтери кои заедно со нуркачкиот клуб Амфора го чистеа Охридското езеро и неговото крајбрежје.
„Успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми на 6 различни локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери. Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културно наследство, велат организаторите.
Членовите на нуркачкиот клуб Амфора инспирираа многумина да се приклучат во акцијата и ја подигнаа свеста за важноста на поддршката на ваквите иницијативи, како локално, така и во земјите од регионот. Оваа година, како дел од акцијата се вклучија 70 нуркачи од кои 20 беа нуркачи од регионот.
Како потсетување, минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето, како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан, за да се спречи загадувањето на езерото со пловен отпад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.