Според Православниот календар денес (14.01) се слави Свети Василиј Велики, или Стара нова година, затоа што овој ден, всушност е 1-ви јануари според стариот календар. Голем број семејства денес слават слава, а именден слават Василиј, Васил, Васе, Василија, Васа…
Името Василиј потекнува од старогрчкиот збор basileus и значел „крал“.
Свети Василиј Велики е архиепископ Кесариски, кој бил роден во времето на царот Константин.
Петнаесет години во Атина ги изучувал филозофијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки од тоа време.
Во зрелите години се покрстил во реката Јордан, а 10 години бил епископ на Кесарија Кападокиска.
Василиј бил голем поборник за христијанството, морално чист и исклучително борбен.
Освен што денес се слави именден, во некои градови денес се организираат и карневали.
Па така, на овој празник традиционално се организира и Вевчанскиот карневал, а во Битола традиционално низ улиците се движат и таканаречените Бабари кои облечени во стари алишта прават врева низ улиците.
Се верува дека карневалите се поврзани со паганските обичаи на прослава на новата година и целта е со помош на маските да се протераат старите и лоши духови од минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.