За 3 декември, Денот на лицата со попреченост, Здружението „Размислувај различно“ од Струмица посети неколку општини од југоисточниот регион и подели свои флаери.

Како што информираа од Здружението, флаерот потсетува дека проценките зборуваат за 16 проценти од светската популација која страда од попреченост, односно 1,3 милијарди луѓе во светот се соочуват секојдневно со телесна или интелектуална потешкотија.

-Здружението „Размислувај различно“ потсетува дека лицата со попреченост имат поголем ризик да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, мозочен удар или орално здравје. Тие потсетуват на недостапноста на многу услуги и бариерите со кои се соочува оваа популација, стои во нивната информација.

Посетата на општините Струмица, Гевгелија, Василево и Ново Село била искористена да се посетат и члонови на Здружението и да поразговаарт за нивните проблеми, да се видат нивните потреби и да се најде начин да им се помогне.

Од „Размислувај различно“ повикаа секој да се обиде да ги идентификува лицата со попреченост и да не се прептоставува дека попреченоста е видлива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.