Сите се сеќаваме дека на училиште сме учеле дека пролетта доаѓа на 21 март и трае три месеци, од 21 јуни кога настапува летото. Но, во последните 20 години сведоци сме дека дрвјата цутат многу пред 21 март, а пролетта, барем во Скопје, трае само 2 недели. Секако, ако ги гледаме темепературите.

И логично, ќе се запрашате зошто пролетта во последните години доаѓа порано, а не како порано?

Експертите открија дека пролетта доаѓа ден порано веќе 20 години, поради два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.

Метеоролозите го набљудуваат падот и порастот на температурата и состојбата на атмосферата, а метеоролошката сезона е координирана според календарот и секоја сезона трае три месеци. Со тој метод пролетта трае од 1 март до 31 мај.

Вториот метод се базира на астрономските годишни времиња, а се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога оската на ротација на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето, па така во последните години пролетта ни доаѓа на 20 март.

Годинава првиот ден од пролетта астрономски започнува денеска, 20 март, точно во 22 часот и 24 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.