Ретрограден Меркур, па Плутон, полна Месечина, па затемнување – сите овие настани носат некакви промени во мај, но позитивни. Ова е време кога ќе го анализираме она што сме го научиле и ќе почнуваме да ги применуваме нашите лекции. Според астролозите, овие хороскопски знаци, сепак, ќе бидат најсреќните во мај бидејќи ги очекуваат важни промени во бизнисот, кариерата, работата и финансискиот сектор.

Овен

Претставниците на овој хороскопски знак ги очекува голема среќа и тоа во сите аспекти, а најмногу во финансискиот. Постојат големи шанси да го зголемите сопствениот приход и да добиете нови проекти. Бидете храбри и прифатете ги новите понуди и немојте да се плашите да донесете одлуки кои се однесуваат на вашиот личен живот.

Близнаци

Подгответе се за тешкиот, но полн со радосни моменти период кој ви претстои. Не занемарувајте го ниту вашето здравје бидејќи ќе наидете на многу можности за активирање. Доколку напорно работите вашата финансиска состојба ќе се подобри, а тоа ќе ви овозможи да го остварите вашиот стар сон или да отидете на патување.

Лав

Ставете им крај на вашите сомнежи и несигурности бидејќи во мај ќе ви бидат потребни истрајност и позитивна енергија. Оние околу вас ќе можат да ги препознаат вашите позитивни квалитети, а ве очекуваат и нови познанства. Од друга страна, не дозволувајте токсичните луѓе негативно да ви влијаат!

Вага

Позитивното расположение и истрајноста ќе ви помогнат да се справите со секој предизвик со насмевка на лицето. Благодарение на вашиот оптимизам, ќе успеете да ги расположите сите околу вас. Постои голема веројатност дека некој околу вас ќе постане ваш близок пријател или партнер.

Девица

На почетокот на месецот ќе морате да направите некаков избор, а тој ќе биде успешен. Добри вести ве очекуваат и на професионален план, особено во поглед на унапредувањето и покачувањето на платата. Ве очекува период полн со позитивна енергија поради која ќе се чувствувате добро.

Извор: Сенса



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.