Познато е дека жените се чувствуваат подобро во сопствената кожа како што одминува времето и малку што може да им пречи, а тоа особено се однесува на овие хороскопски знаци. Тие се бестрашни и подготвени за промени, не се плашат од промени. Ви пренесуваме три астролошки знаци во кои се родени жени, а кои со текот на времето стануваат подобри.

1. Бик
Жените родени во знакот Бик уште од мали нозе копнееле да пораснат за конечно да ги преземат работите во свои раце. Одлучни се, вредни и фокусирани, па не е чудно што постојано се стремат кон напредок. Со текот на годините, тие развиваат позитивен став и работна етика, како и храброст да ги поместат границите и да се впуштат во нешто големо.

2. Девица
Девиците се многу зрели уште од детството и секогаш се чувствуваат како „стари души“ во споредба со нивните врсници. Тие стојат цврсто на земја и се многу организирани и грижливи. Иако Девиците се одлични во текот на нивното школување, по факултетот тие всушност почнуваат да освојуваат, па додека да созреат веќе се на завидно ниво на кариера. Тие само цветаат со годините, а во 50-тите целосно се прифаќаат себеси и со внатрешен мир прават сè со леснотија.

3. Лав
Лавиците се подготвени за нешто големо од раѓање, па годините што минуваат само повеќе ги инспирираат. Тие не се плашат од промени и не им е непознат на ризикот, па затоа не е невообичаено да се одлучат да ја променат кариерата и во своите 50-ти. Тие се бестрашни и ништо не може да ги спречи, па со годините се само порешителни и поуспешни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.