Следниот важен астролошки период кој нѐ очекува е Младата Месечина во знакот на Риби.

Младата Месечина влегува во Риби на 20 февруари и носи енергија на свежи почетоци.

Желбите се претвораат во реалност

Ова е добро време да го претворите она што го сакате и замислувате во реалност. Бидејќи Рибите се воден знак, не сакаме да се заглавиме во место на приврзаност, наместо тоа, сакаме да го потврдиме она што го сакаме, но потоа да останеме отворени за иднината и хармонијата.

Оваа млада Месечина во Риби има голем потенцијал за манифестација. Таа ќе има за цел да ги претвори соништата во реалност.

Младата месечина во Риби ќе има најсилно влијание врз Рибите, Стрелците, Девицата и Близнаците.

РИБИ

Младата месечина ви носи лични промени кои ќе бидат добри за вас. Можете да донесете одлука која ќе ви го промени животот на подобро.

СТРЕЛЕЦ

Овој астролошки аспект ви ја носи потребата да се занимавате со семејните работи. Во фокусот ќе бидат прашањата за станот и семејството. Можно е да размислувате за преселба.

ДЕВИЦА

Младата месечина во Риби ви носи криза во бракот, или проблем во партнерството. Ќе мора да прифатите дека некои работи не се реални.

БЛИЗНАЦИ

Овој астро период носи големи промени на работа. Можно е во овој период конечно да донесете одлука за промена на работното место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.