На почетокот на мај Меркур сè уште е во ретроградната фаза, но кон средината на месецот излегува од таа состојба и полека ја напушта својата сенка. Затоа мај е време кога анализираме сме правеле во минатото и размислуваме што сè сме научиле и почнуваме да ги применуваме лекциите од искуството.

Астролозите истакнуваат дека пред пет хороскопски знаци е месец со важни промени во работата, емотивниот живот и во сферата на комуникација со другите луѓе.

Овен

Претставниците на овој знак ги чека одличен период во сите области од животот.

Се очекува посебна среќа во финансиите! Има големи шанси да ги зголемите приходите и да добиете нови проекти.

Храбро прифатете ги сите понуди и не плашете се да донесувате важни одлуки поврзани со вашиот приватен живот, особено љубовниот!

Близнаци

Подгответе се за многу значаен и среќен период.

Се препорачува да не се заборавите и на малку здрава себичност!

Посветете си се и одморете се, бидејќи на крајот на пролетта ќе има многу можности.

Ако се потрудите на деловен план, ќе имате можност да остварите стар сон.

Лав

Оставете ги настрана вашите несигурности и сомнежи, зошто во мај ќе ви требаат сосема различни квалитети – упорност и ведрина.

Другите ќе можат да го видат вашиот потенцијал и сите ваши квалитети.

Во вашето опкружување ќе се појават сосема нови луѓе кои ќе донесат многу среќни моменти.

Опкружете се со луѓе кои ви пренесуваат позитивна енергија.

Девица

Девиците ќе треба да направат избор на почетокот на следниот месец и тој најверојатно ќе биде успешен.

Добри вести ве очекуваат и на професионален план.

Претставниците на овој знак најверојатно ќе добијат унапредување или покачување.

Исто така, претставниците на овој знак ќе почувствуваат олеснување и позитивни вибрации.

Се чувствувате добро!

Вага

Мај за Вагите ќе биде месец на победи.

Вашето одлично расположение и упорност ќе ви помогнат да излезете од секоја збунувачка ситуација како победник и со насмевка на лицето.

Со вашиот оптимизам и добро расположение ќе можете да ги израдувате сите околу вас.

Исто така, во ваша близина може да се најде некој кој би можел да стане многу близок пријател, можеби дури и животен партнер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.