Кон средината на месецот Меркур излегува од ретроградната фаза и полека ја напушта својата сенка. Затоа мај е време кога анализираме сме правеле во минатото и размислуваме што сè сме научиле и почнуваме да ги применуваме лекциите од искуството.
Но, астролозите истакнуваат дека само два хороскопски знаци ќе имаат посебна среќа, можности за просперитет и позитивна енергија овој месец.
Бик
Работа: Овој месец морате да бидете повредни од обично со оглед на тоа што од вашата работа зависи колку ќе заработите. Реализацијата на договорите ќе биде во центарот на вашите работни активности. Способноста за добро економирање, со вашиот финансиски потенцијал, ќе биде клуч за успех на работа. Бидете подгтовени да повторите некои потези.
Љубов: Вие сте еден од најсреќните знаци на овој план. Ако сте решиле нешто да поправите во љубовните односи, сега е вистинско време. Обрнете внимание на Стрелец и Риби, доколку барате нов партнер. Без оглед на тоа дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер, ова е месец кога треба да бидете потолерантни отколку обично.
Здравје: Многу сте напнати, како последица на секојдневниот стрес. Морате да се опуштите.
Јарец
Работа: Ова е најдобриот пат за реализирање на финансиите. Тоа подразбира и претходно склопување на договори, па подоцна и негова реализација. Вашиот претприемачки дух, ако го имате, би можел да ги надмине сите неповолни неприлики и да ви донесе професионален чекор на подобро. Упорноста и непоколебливоста во решавањето на проблеми се вашите главни адути.
Љубов: Љубовта во текот на овој месец ќе расцвета. Сепак, морате да бидете внимателни во комуникацијата со партнерот и потолерантни од вообичаено. Бикот и Лавот се вашите фаворити во случај да барате нов партнер. Доколку веќе имате партнер, добро би било да седнете и да разговарате со проблемите кои ги одолговлекувате веќе подолго време.
Здравје: Проблеми со стомакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.