Пристигна последниот месец од годината, кога сите правиме одредени ретроспективи – што сме направиле и постигнале, а што остана на листата на незавршени обврски.

Астролозите ги дадоа своите предвидувања за месецот на празници и прослави, а најпознатиот руски астролог Павле Глоба тврди дека декември ќе биде особено предизвикувачки за два знака.

Близнаци
Близнаците напорно работеа во текот на целата година, а наградата за трудот постојано им бегаше. Последниот месец од годината ќе им даде можност на Близнаците да ги соберат плодовите од својот труд и да ги решат своите долгорочни професионални планови.

И покрај тоа, рускиот астролог тврди дека декември ќе биде исклучително тежок месец за нив и дека 2023 година нема да ја завршат со добро особено на деловно поле.

Водолија
Среќата ги следела во текот на целата година, но во декември ќе им го сврти грбот. Што и да сакаат да завршат, нема да им успее, а притисокот поради незавршените деловни обврски ќе биде огромен.

Астрологот ги советува да ги одложат сите обврски што можат, бидејќи ова е еден од најнеповолните астролошки периоди за нив. Сепак, нешто убаво ќе им се случи, додава астролог. На крајот на годината во нивниот живот ќе влезе личност која би можела значително да им влијае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.