Овен
За овие жени, зимницата е само уште една активност со која ќе ги покажат своите вештини и способности пред другите соседки и колешки. Бидејќи Овните во се треба да се први, така и овде, со зимниците почнуваат веќе од август. Нивниот ајвар треба да биде најлут од сите останати и ако се обидете да го докажете спротивното ќе имате вистинска битка со оваа воинствена жена. Од туршија најповеќе става лути пиперки или некои други пикантни зачини со кои ќе ги зачинува јадењата во зимскиот период.
Бик
Биковите се добри домаќинки и најчесто за нив зимницата е уште една обврска во домот која секоја домаќинка треба да ја направи. Биковите уживаат во слатките работи, па најповеќе на рафтовите во визбите кај овие домаќинки ќе најдете различни видови на слатко, џемови, пекмези и слично. Количински прават многу и секогаш мислат дека не е деоволно. Премногу се трудат сето тоа да биде вкусно и најчесто во тоа успеваат.
Близнаци
За жената Близнаци правењето на зимниците е само уште еден облик на дружење со соседките. Секоја соседка безусловно може да ја добие помошта од жената Близнак, но затоа ќе мора да ја слушате додека непрекинато зборува додека се лупат пиперките или се меша на ајварот. Во секој случај тоа се забавни жени па добро е да се има некоја таква во соседството. Често помагајќи на другите остануваат без своја зимница.
Рак
Овие супер домаќинки зимницата ја прват пред се за своите деца па после за сите останати. Нивниот асортиман на зимници е различен и зависди од тоа што нејзините деца најповеќе сакаат. Постарите домаќинки Ракови можете да ги видите како по неколку пати во ладните есенски денови прават најразличен ајвар за секоја од своите ќерки или снаи посебно, па често, на крај ќе останат без своја зимница бидејќи ќе се преумораат помагајќи на другите.
Лав
За Лавиците, зимниците се само уште едно поле за докажување на своите вештини и способности. Тие се што ќе направат е најдобро и најубаво, а кога ќе ви биде понудено да ја пробате некоја од нејзините зимници, не се осудувајте да давате некакви негативни комнетари во смисла недостасува сол или слично. Често овие домаќинки купуваат зимница бидејќи се преголеми дами за да си ги оштетуваат своите нокти или кожата на рацете од лутите пиперки.
Девица
На овие домаќинки зимницата им е ноќен кошмар. Премногу се оптеретуваат со сите детали и совети од соседките, плашејќи се нешто да не расипат или да не избегаат од патот до перфекционизмот, па затоа на крај нивниот ајвар е најлош. Секогаш е недопржен и недоволно солен, бидејќи таквиот е штетен по здравјето. Можеби нема да биде вкусно, но бидете сигурни дека нивната зимница е најздрава за исхрана и најчиста.
Вага
Вагите се големи гурмани и сигурно дека нивниот ајвар или некоја друга зимница ќе биде највкусен и најдобар за изглед. Сето тоа ќе биде сложено во мали теглички добро украсени и обележани. Количините не им се важни, па затоа прават многу различни видови на зимница, но од се по малку. Сеседките често им се љубоморни на овие жени, бидејќи критиките од соседите (мажите) често се позитивни за најсипматичните домаќинки во зодијакот.
Скорпија
За Скорпиите правењето зимниците е уште едно поле за натпревар со своите соседки. Никоја друга соседка не смее да направи поголема количина отколку што ќе направи Скопијата. На вкусот многу нема да внимаваат, па во ајварот најчесто ставаат модри патлиџани за да добие на количина и да и докажи на другата соседка дека направила повеќе од неа. Често кај овие домаќинки, на рафтовите од визбите ќе најдете зимница од претходните години, бидејќи била направена во големи количини и не била многу вкусна.
Стрелец
Овие домаќинки ретко прават зимници и доклку ги прашате зошто тоа не го прават, ќе добиете едночасовно објаснување во кое ќе се обидат да ве убедат дека зимницате е неисплатлива и дека подобро е да се купи од продавница. Едноставно за жените Стрелци во оваа активност нема доволно доза на авантуризам па не би сакале да го трошат своето драгоцено време за докажување на домаќинлукот.
Јарец
За Јарците зимницата е обврска и тоа секоја домаќинка треба да го направи. Околу изборот на зимница многу не се замараат. Ќе ја направат онаа која им е наједносатвна и најлесна и околу тоа многу нема да коментираат освен ако не бидат прашани. Количината ја одредуваат самите и за тоа немаат некое посебно објаснување и не се обидувајте да го добиете одговорот, бидејќи во нивната шема тешко некоја соседка може да влезе.
Водолија
За Водолиите зимниците се само уште една глупост на традицијата. Овие домаќинки, ако може така да се наречат, ретко прават зимница, посебно не некоја која бара многу труд како ајварот. Но сепак доколку се нафатат тоа да го сторат, тоа ќе биде накоја зимница супер модерна надвор од сите традиции и норми, која ниту една соседка не може да ја направи. Најчесто, сите нови зимници кои се појавуваат со чудни имиња и се прават лесно, се измислени од овие иновативни домаќинки.
Риби
Овие домаќинки не се постојани во изборот, а најчесто тој е диктиран од соседките. Често знаат да ја згрешат зимницата, посебно ајварот, бидејќи безусловно ги прифаќаат советите од соседкте, па така во зависност со која соседка ќе ја почнат зимницата таква и ќе им испадне. Понекогаш може да се случи ајварот да испадне благ или пекмезот солен, само поради тоа што овие домаќинки се оптоварени со мислењето на другите и премногу рассеани, па лесно можат да погрешат околу зачините.
Преземено од астромагазин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.