На 17 јуни 2023 година, Сатурн го почнува своето ретроградно движење во знакот на Риби и тоа ќе трае сè до 4 ноември, кога неговото влијание ќе почне да се намалува. Ретроградниот Сатурн има помало космичко влијание од ретроградниот Меркур, но сепак носи промени кај сите хороскопски знаци.

Ретроградниот Сатурн може да донесе конфузија, несигурност и страв од измама кај некои хороскопски знаци, а просперитет кај други.

Овен

Овие неколку месеци размислете за работите што ве влечеа назад периодов и како да смените нешто кај себе.

Дали стоите во место поради недостиг на самодоверба или недоволна дисциплина? Не се плашете да сонувате поголеми соништа и да пробате да ги остварите.

Бик

Во текот на следните месеци ќе мора да повлечете линија меѓу вас и луѓето што ве окружуваат.

Ќе се најдете во ситуација кога некој ќе се обиде да го тестира вашето трпение – како ќе реагирате зависи од моменталното расположение. Ако некој упорно се обидува да ви каже дека не можете да направите нешто, докажете му дека не е во право.

Близнаци

Ретроградниот Сатурн ќе влијае најмногу на вашата 10-та куќа која е поврзана со кариерата и работните обврски.

Ако ви треба деловна стабилност, следните неколку месеци се одлични да се фокусирате на работата и да постигнете успех, без оглед во која бранша и да работите.

Рак

Со почетокот на ретроградниот Сатурн вие ќе почнете да размислувате се работите што ви се важни и во коишто верувате.

Ќе се обидете да се фокусирате само на нив, па до крајот на септември, вашите напори ќе вродат со плод. Сепак, дозволете си и да се опуштите, а не да се посветите само на тоа што ви ги окупира мислите.

Лав

Со почнувањето на ретроградниот Сатурн, кај вас ќе се појават чувства на конфузија, измама, страв, ќе замислувате работи кои не постојат.

Сето ова може да ви ги наруши односите со луѓето од вашата околина. Но, како што ќе одминуваат месеците, ќе сфатите дека не треба да бидете негативни во однос на блиските луѓе и дека сите „теории на заговор“ против вас се само во вашата фантазија.

Девица

Ретроградниот Сатурн ќе влезе во вашата 7-ма куќа, односно куќата на љубовта. Затоа до ноември главна преокупација ќе ви биде љубовниот живот и вашата врска.

Слободните Девици ќе направат сè за да најдат партнер, дури и со сила, па ќе се разочараат ако не успеат во тоа.

Вага

Ќе продолжите со вашите животни рутини како и претходно, бидејќи ретроградниот Сатурн на никаков начин нема да влијае на вашето расположение или навики.

Сепак, не си поставувајте нереални цели и намалете ги вашите очекувања од луѓето што ве окружуваат за да не се разочарате.

Скорпија

Со доаѓањето на ретроградниот Сатурн вие ќе „процветате“ – сè што ве држеше во место ќе исчезне, а вие ќе тргнете напред и ќе почнете да ги остварувате зацртаните цели.

Можеби се чувствувате како нешто да ја блокира вашата креативност, но од 17 јуни очекувајте тоа да се смени, а вие да успеете на секое поле – кариера, семејство, љубов.

Стрелец

Ретроградниот Сатурн ќе влијае на вашата 4-та куќа, која ги опфаќа семејството и домот.

Ќе треба да преземете поголема одговорност, иако во вашата природа е да сакате да сте слободни, опуштени и без обврски. Размислете за тоа кои се вашите приоритети.

Јарец

Од 17 јуни ќе мора да смените нешто во вашиот живот, без оглед на тоа дали се работи за кариерата, љубовта или семејните врски.

Ако имате големи идеи и соништа, сега е време да си ги исполните. Мислите што ве блокираа и не ви дозволуваа да покажете што умеете, конечно ќе исчезнат, а вие ќе имате поголема верба во себе.

Водолија

На прво место во следните неколку месеци ќе ви бидат парите, бидејќи ретроградниот Сатурн ќе влијае на вашата финансиска ситуација.

Сега е добар период да преземете деловен ризик, кој најверојатно ќе ви се исплати и ќе ви донесе добивка до крајот на годината.

Риби

Ретроградниот Меркур е во вашата 1-ва куќа, која се фокусира на личниот идентитет и индивидуалноста.

Ќе сакате да се ослободите од мислите што ве мачат, па некои Риби може да побараат дури и професионална помош. Фокусирајте се на себе и позитивните мисли.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.