Венера, планетата на љубовта, се движи низ знакот Овен и ќе придвижи некои работи напред. Сè што досега било бавно, слабо или неизвесно ќе добие појасна форма, особено кога станува збор за љубов, врски и пари. Овој период ќе трае до до 16 март, но важен датум ќе биде 2 март кога ќе Венера се сретне со Хирон и Јупитер.
Астролозите советуваат да ги излечете љубовните рани преку нови искуства.
Не враќајте се кон минатото. Напротив, продолжете да чекорите напред! Оваа Венера сака да ги реши прашањата и дилемите на јасен, директен и искрен начин. Прашајте се што сакате. Сакале или не, понекогаш искрата на привлечноста и љубовта брзо согорува. Кога станува збор за заведувањето, доаѓаат до израз храброста, одлучноста и самодовербата. Не е важно што било, ниту што ќе биде, важно е само она што се случува сега и овде. Оваа Венера ве повикува на акција, ризик и авантура. На тој начин ги поместувате границите, подготвени сте да преземете чекори од кои бегавте. Нејзиното мото е: никогаш нема да знаете додека не се обидете!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.