Првата полна месечина во 2022 година ќе се случи помеѓу 17 и 18 јануари, а позната е и како волчја месечина, поради старото верување дека волците завиваат од глад во текот на ладните зимски месеци.

Овој период ќе биде обоен со изразени емоции и чувствителност, што не е ни чудно со оглед на тоа што месечината се појавува во Рак.

Полната месечина ќе влијае врз сите хороскопски знаци, а особено на овие четири…

Овен
Ова е период во кој ќе почувствувате најголема носталгија досега, а ќе се потсетите и на тешките мигови од минатото. Обидете се да не ве обземе минатото, туку преиспитајте ја вашата сегашност – од што треба да се ослободите и кој товар од минатото не ви дозволува да напредувате? Ослободете го вашиот животен простор за она што навистина го сакате и ве прави среќни.

Рак

Ова е период кога конечно ќе одморите од грижата за другите и ќе се посветите на себе. Полната месечина ќе ви донесе самосвест и ќе ги зајакне вашите уверувања и самодоверба. Затоа, сега не е време да се сомневате во себе или да чувствувате вина, сето тоа што ќе го емитирате деновиве, повеќекратно ќе се зголеми.

Лав
Вие обожавате забава, но оваа полна месечина ќе бара сериозно преиспитување на вашите емоции. Па затоа, дозволете си да бидете нежни, немојте да ги контролирате вашите емоции. Вашиот емоционален дел бара внимание.

Стрелец
Во овој период ќе имате многу обврски, а во сето тоа лудило мора да најдете време да ги наполните батериите и да се опуштите. Полната месечина во бара да сопрете и да одвоите малку време за размислување. Фокусирајте се на она што сакате да го промените кај себе и конечно почнете да работите на тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.