Младата месечина ќе биде во Шкорпија во ноември, а ќе светне на нашето небо на 13 ноември и ќе донесе промени кај многу хороскопски знаци.

Тринаесеттиот ден од ноември нè насочува кон нашите емотивни длабочини бидејќи младата месечина во Шкорпија секогаш не принудува да одиме со срцето, а не со главата, па и овој нема да биде исклучок.

Оваа лунарна фаза на повеќето од нас ќе им донесе соодветна почва за да го засадиме семето на нешто ново во животот, додека Шкорпијата ќе ни помогне да се ослободиме од товарот што не спречуваше да се движиме напред.

Кога станува збор за љубовта, особено еден знак би можел да се радува на новата месечина – Бикот.

Што го чека хороскопскиот знак Бик за време на младата месечина во Шкорпија?

Почетната фаза на Месечината би можела да ја поттикне вашата потреба за интимност, а астролозите предвидуваат дека тоа може да предизвика и нова љубовна врска.

Важно е да бидете подготвени за промени, да бидете слободоумни и да не се плашите да ги покажете своите слабости. Како што советува астрологот Нарајана Монтуфар, оние кои чувствуваат привлечност треба да се препуштат на љубовта, но со важна забелешка – бидете тие што ќе ја преземат контролата!

Ова е добро време за Биковите да ја направат љубовта приоритет, добро време е да воспоставите долготрајна и хармонична врска.

Кога станува збор за зафатените Бикови, оние кои не се задоволни од моменталната врска лесно би можеле да излезат од неа, а од зад аголот им се смешка нова љубов. Ако се навистина среќни во врската, сега е одличен момент да направат нов чекор и да започнат заеднички живот, да се венчаат, да почнат да планираат потомство…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.