Февруари е месец на љубов, нежни емоции и романтични вибрации. Ве очекуваат страсни и сензуални искри на 14 февруари, Денот на вљубените. Во воздухот владеат емотивност и сензуалност, а енергијата на Месечината носи задоволство, додека Венера во Јарец го отвора срцето за некои убави промени.

Дознајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат среќа на Денот на вљубените…

Бик
Сексуалната енергија ќе биде засилена. Земјената енергија на Јарецот ќе го направи вашиот љубовен живот постабилен, така што не мора да се грижите за големи промени во текот на овој период. Ако сте слободни, ова можеби е вистинското време да ги истражите своите можности.

Меѓутоа, ако сте во врска, ова е период за експериментирање во спалната соба. Конјукцијата на планетата на романсата Венера и планетата на моќта Марс носи многу страст. Комуникацијата ќе биде одлична, а разговорите може да ви откријат некои нови погледи.

Близнаци
Вашата способност да се менувате и приспособувате е она што ви помага да бидете позитивни. На Денот на вљубените ќе одбегнете напнатост, а ќе имате и неверојатна самодоверба, благодарение на Месечината во самоуверениот Лав, кој се движи кон вашата трета куќа. Ова ќе ви ја даде самодовербата што ви е потребна за да ја подобрите секоја ситуација на романтичен план.

Ако сте слободни, вашиот шарм и харизма може да привлечат одлични луѓе. Од друга страна, ако сте во врска, ќе се чувствувате уште поповрзани со партнерот. На почетокот од денот, нештата можеби нема да изгледаат толку едноставни, но вашата природна енергија ќе ви помогне полесно да управувате со разни ситуации.

Месечината во знакот Лав ќе ве потсети на причината зошто треба да бидете благодарни и среќни. Ова ќе ве поттикне да бидете креативни, дури и во некои фрустрирачки моменти.

Скорпија
Дали сте подготвени за интимна трансформација? Не само што Јупитер (планетата на среќата и изобилството) на овој ден ќе биде благонаклонет кон вас, туку ќе ви даде и можност да уживате во сите добри промени што досега сте ги манифестирале во вашиот љубовен живот. Ако сте слободни, Денот на вљубените може да го промени тоа.

Меѓутоа, ако сте во врска, нештата во спалната соба може да станат подобри, а тоа ќе донесе позитивни промени и во иднина. Бидејќи Јупитер е во вашата петта куќа, ќе доживеете голема прослава за Денот на вљубените. Можете да приредите романтична забава. Со оглед на тоа што Уран е во вашата седма куќа, можно е да ве очекува изненадување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.