Планетите силно ќе влијаат врз нашите односи со другите кон крајот на пролетта и во текот на летото, а ова особено ќе се изрази врз три хороскопски знаци. Следните три месеци месеци најмногу промени и предизвици во љубовниот живот им носат на:

Близнаци

Ве очекуваат три напорни месеци. Сакате да направите многу, но чувствувате дека не сте во можност да се активирате. Можно е овие внатрешни превирања да придонесат за појава на проблеми во вашата врска, особено ако немате време да поминете со партнерот. Ќе мора повеќе да комуницирате и да го вклучите во вашите планови. Можеби имате склоност да правите сè сами и не сте свесни дека можеби на тој начин го повредувате партнерот. Покрај тоа, може да се соочите со прилично важна одлука за иднината на вашата врска. Очекувајте предлози за преселба во друг град или земја.

Лав

Месецот мај ќе ви биде исполнет со тешкотии, особено во љубовниот сектор. Ќе ви биде тешко да се договорите со партнерот и нема да можете да го изразите точно она што го сакате. Промените во вашиот личен живот ќе бидат поврзани со одредени можности што ќе ги добиете на професионален план. Време е да блеснете на работа, а тоа значително ќе ве исцрпи. Затоа, ако сакате да продолжи вашата љубовна врска ќе мора да бидете поорганизирани. Добро би било доколку одвреме-навреме вклучите романтична вечера во вашиот распоред.

Стрелец

Следните неколку месеци ќе ви бидат тешки, особено ако вашата врска е на далечина или ако не успевате да поминете многу време заедно. Можни се проблеми и конфликти особено доколку вие и вашиот партнер сте далеку еден од друг. Многу припадници на овој знак ќе се соочат со прашањето дали да стават крај на врската или да останат заедно. Важно е да запаметите дека нема враќање назад за ниту една одлука ова лето. Во вашата врска ќе има радикални промени, а дури наесен ќе можете појасно да ги увидите промените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.