Денеска небото ќе го осветли полната Месечина во знакот на Водолија, но овој пат во прашање е посебно редок  астрономски феномен. Имено, овој август ќе сведочиме на појава позната како Супермесечина- Месечина ќе биде многу посјајна и поголема од вообичаеното.

Оваа полна месечина воедно ќе биде и Сина Месечина, што значи дека е втора полна месечина во ист календарски месец, што е појава што се случува еднаш во две или три години.

Овој спој на Супермесечина и Сина Месечина е исклучително ретка појава, а временската дистанца меѓу два такви настани може да трае од 10 до 20 години. Сината Месечина во знакот на Водолија е уште поретка, последен пат е видена во 2014 година, а следната не очекува дури во 2037 година.

Поради тоа хороскопските влијанија овој период ќе бидат посебно интензивни, исполнети со силни емоции и промени. Но еден знак на Зодијакот ќе се издвои по поволните околности, посебно кога станува збор за финансиите. Шкорпиите ќе имаат можност за значајно долгорочно богатство.

За Шкорпиите ова е време кога конечно ќе можат да ја покажат својата вредност. Ѕвездите се на нивна страна и овозможуваат да пронајдат одговори на сите прашања и решение за сите проблеми, дури и од оние од кои кренале раце. Наредниот период им носи популарност и можност за голема заработка. Се смета дека Шкорпиите во овој период нема да знаат што да прават со парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.