Овен

Љубов: Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера: Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје: Емотивни фрустрации.

Бик

Љубов: Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера: Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје: Поработете на методите за релаксација.

Близнаци

Љубов: Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера: Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје: Најдете пет минути за пауза.

Рак

Љубов: Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера: Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје: Во секој случај, следува подобрување.

Лав

Љубов: Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера: Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје: Излезете на свеж воздух.

Девица

Љубов: Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера: Ново или старо, тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник. Како и да е , не ви е лошо.

Здравје: Забавувајте се.

Вага

Љубов: Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера: Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје: Мала кашлица.

Скорпија

Љубов: Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера: Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје: Конечно имате позитивен став.

Стрелец

Љубов: Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера: При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје: Немојте да бидете алчни.

Јарец

Љубов: Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера: Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје: Посетете стоматолог.

Водолија

Љубов: Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера: Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје: Разведрете ги другите со хумор.

Риби

Љубов: Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера: Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје: Зголемена енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.