Овен

Вашите нови деловни идеи може да бидат максимално прифатени до крајот на денот. Партнерот е нерасположен и ви ја пренесува својата нервоза. Потрудете се да држите дистанца и не дозволувајте неговата нервоза да ве допре. Здравјето е одлично.

Бик

Денес не е ваш ден, го немате потребниот елан на деловен план. Ќе имате и премногу семејни обврски. Еден член од семејството ќе ве израдува со својата одлука. Многу сте напнати.

Близнак

Партнерскиот однос е многу активен и обидете се навреме да дефинирате што сакате од партнерот. Време е да искомуницирате некои работи иако долго време ги игнорирате. Поволни вести од странство за пари. Страдате од несоница.

Рак

Во текот на денешниот ден немате доволно трпение и многу сте склони кон расправии внатре во куќата. Таа атмосфера се пренесува на сите останати. Обидете се да се одморите денес и да не се нервирате. Сè ќе се среди само од себе.

Лав

Веќе некое време имате проблеми со крвниот притисок, најмногу поради нерешените односи во семејството. Потпрете се на себе и на својата организациска моќ. Стабилни сте во љубовта, бидејќи партнерот ви обезбедува сигурност.

Девица

Ве очекува многу нестабилен ден бидејќи вашето расположение зависи исклучиво од другите. Не сте расположени да започнете нешто ново, особено кога е во прашање вашиот социјален живот. Можни проблеми со органите за варење.

Вага

Денеска очекувајте поволен глас во однос на решавањето на деловните проблеми. Ќе имате многу важен телефонски разговор. Што се однесува до партнерството, нема да имате сила да се расправате. Можно е да имате забрзано чукање на срцето.

Шкорпија

Планетата Марс ви дава доволно енергија, па ќе можете да завршите се што планирате. Ова особено се однесува на работата и разговорот со партнерот. Имунитетот ви е многу слаб. Внимавајте на исхраната.

Стрелец

Денес не сте подготвени да се соочите со проблемите од минатото. Можни проблеми внатре во куќата поради вашиот став. Љубовната ситуација е комплицирана. Здравјето е стабилно.

Јарец

Ќе бидете многу задоволни од вашата парична ситуација. Обидете се да оставите добар впечаток на околината. Ова може да ви помогне понатаму да комуницирате со луѓето околу вас. Кога станува збор за љубовта, најдобриот совет е само да се насмевнете. Проблеми со бубрезите.

Водолија

Помош пристигнува од личност од странство под знакот Водолија. Ќе бидете изненадени но на крајот ќе и бидете благодарни на таа личност. Потрудете се да му бидете добра поддршка на партнерот. Можни проблеми со коленото.

Риби

Не сте заинтересирани да иницирате промени во работниот план. Некои членови на семејството негодуваат за вашите одлуки. Задржете се за себе и вашите ставови. Нервна напнатост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.