Еден од најпознатите руски астролози Павел Глоба истакнува дека крајот на август, но и почетокот на септември, ќе биде период на голема среќа за еден хороскопски знак. Имено, ова е моментот кога за претставниците на овој знак започнува нова ера – онаа во која им се отвораат сите врати и им се нудат неверојатни можности.
Хороскопот за крајот на август и почетокот на септември е особено поволен за Биковите! Глоба тврди дека ги очекуваат позитивни промени на сите полиња во животот, па еве кратка астро-прогноза за нив за наредните денови.
БИК
Биковите ќе бидат вистински среќници, а особено добри околности ќе ги следат во сферата на финансиите: можни се големи бонуси, добивки на наградни игри, неочекувани покачувања или враќање на некои стари долгови. Глоба потенцира дека среќата во финансиите ќе ги следи подолго време, но само ако Биковите бидат благодарни за тоа што ќе го добијат и ако паметно ги трошат парите. Ѕвездите ви порачуваат да бидете активни и да не се плашите од храбри одлуки. Сега е моментот да повлечете потези што можат да ви донесат добри приходи на подолги патеки.
Целиот нареден период ќе биде вистинското време за важни одлуки и нови почетоци, а ве очекуваат пријатни изненадувања и во кариерата и во приватниот живот, не само на полето на финансиите. Биковите ќе имаат среќа и во љубовта: ако сте сами, сосема возможно е наскоро да запознаете личност со која ќе запловите во врска и која ќе донесе позитивни емоции во вашиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.