Тие претпочитаат да платат некој да им ја исчисти куќата отколку самите да го направат тоа, но во принцип не им пречи нередот и се многу рамнодушни кон валканото.

Астролозите открија дека ѕвездите кријат црна листа на најнеуредни знаци. Во продолжение погледнете кои 3 се на оваа листа.

Скорпија

Скорпиите се совршено им е гајле за хигиената во домот. Единствен исклучок што го прават е кога имаат некои ВИП гости, па потоа се трудат да си ја средат куќата.

Иако и тогаш не се трудат премногу, бидејќи едноставно не им е грижа што ќе кажат другите за тоа како изгледа нивната куќа. Целосно се во стил: ’Ако доаѓаш да гледаш дали ми е растурено, не доаѓај ни кај мене‘.

Реално, Скорпиите воопшто не се заинтересирани за чистење на домот, тие повеќе би сакале да се занимаваат со серии, да играат игри, да се глупираат со друштво или да гледаат телевизија.

Лав

За еден Лав, чистењето на куќата е залудна задача.

Неизмиените садови во мијалникот не се причина за грижа. Сигурно во одреден момент ќе го средат сето тоа, а дотогаш рамнодушно гледаат на нередот. Лавовите секогаш го ставаат својот личен изглед на прво место, а сè останато на второ место.

Ако Лавот брза да дојде на работа, тогаш приоритет нема да му биде средување на креветот или средување на куќата. Лавот ќе претпочита да вработи некој кој ќе му помогне во домашните работи додека тој се фокусира на заработка.

Јарец

Јарците не можат да се наречатнеуредни луѓе, особено не машките припадници на овој знак. Но, едноставно не ги сакаат домашните работи.

Повеќе би сакале да гледаат во телефонот или телевизорот со часови и да не креваат прст за да исчистат нешто низ куќата.

Јарците се оние кои најчесто им ја делегираат работата за чистење на домот на своите деца. Јарците веројатно ќе ја исчистат куќата во одреден момент, но мора да биде некоја екстремна вонредна состојба која ќе го принуди Јарецот сам да се справи со тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.