Сите имаме свои стравови и несигурности, кои порано или подоцна испливуваат на површина во врските.

Според астролозите, често за овие стравови може и ѕвездите да вмешале прсти, па вашиот хороскопски знак да е виновен за она од што се плашите најмногу. Поради тоа, благодарение на хороскопскиот знак можете да откриете голем број работи за вашиот партнер, но и да ги дознаете неговите најголеми стравови.

Тоа ќе ви помогне како полесно да се справите со овие негативни емоции и да не дозволите тие да ви ја нарушат довербата, но и да имате успешна и долготрајна врска.

Еве кои се најголемите стравови на вашиот партнер според хороскопот?

Овен

Овните се познати по својата желба за независност и затоа многу често се плашат дека кога се во врска ќе ја загубат својата моќ и автономија.

Добиваат ноќни мори од помислата дека нивната слобода ќе биде компромитирана или дека ќе мора да се врзат и да се задоволат со помалку од она што го сакаат во врската и од партнерот.

Ако сте во врска со Овен, запомнете дека секогаш треба да им оставате простор сами да носат одлуки и да ги бираат работите што сакаат да ги прават.

Запомнете, нивниот најголем страв е дека ќе ја загубат контролата или слободата во врската.

Бик

Бикот е земјен знак и затоа има постојана потреба за стабилност и сигурност во секој аспект од животот, а особено кога станува збор за љубовните врски.

Затоа, ако чувствуваат дека постои ризик за нестабилност и непредвидливост во нивната врска, тие веднаш почнуваат да стравуваат.

Ако сакате да имате хармоничен однос со некој што е Бик во хороскопски знак, потрудете се тој секогаш да се чувствува безбедно, сигурно и стабилно и решете ги сите оние проблеми што ги вознемируваат.

За нив вистинска ноќна мора е помислата дека се во нестабилна и несериозна врска, па ако се чувствуваат така, можно е брзо да ве напуштат.

Близнаци

Овие луѓе најмногу ги плаши помислата дека треба да застанат, односно да стагнираат, а мразат кога врската не им дозволува да напредуваат на интелектуално ниво.

Тие се мошне интелигентни луѓе, на кои постојано им требаат значајни разговори од коишто може да научат нешто ново, па ако од партнерот не го добиваат тоа што им е потребно, почнуваат да се чувствуваат загубени и здодевно им е.

Самата помисла дека со партнерот нема да има за што да зборуваат им е вистинска ноќна мора.

Тие никогаш нема да прифатат да останат во врска која за нив е безлична, здодевна и која нема да им дозволи да напредуваат.

Најсреќни се кога знаат дека партнерот постојано им нуди нешто ново, спонтано и несекојдневно.

Рак

Раковите најмногу се плашат дека некој ќе ги повреди нивните чувства или ќе ги искористи.

Тие се луѓе со нежно срце, па логично, кога се во врска се плашат дека ако целосно му се отворат на партнерот тој може да ги злоупотреби нивните емоции и да им го скрши срцето.

Најчесто, Раковите се луѓе кои биле повредени во минатото, па затоа стануваат мошне внимателни тоа никогаш да не им се повтори.

Заради тоа често тешко влегуваат и во врска, затоа што не се секогаш подготвени да почнат некому да му веруваат целосно, кога знаат колку боли кога некој ќе ги повреди.

Лав

На сите им е јасно дека Лавовите имаат потреба постојано да бидат во фокусот на вниманието, па оттука сосема нормално е да се плашат дека партнерот може да им го украде „престижното“ место и да паднат во негова сенка.

Често се случува да се чувствуваат несигурно и од самата помисла дека треба да го поделат вниманието со некој друг.

Затоа кога се во врска, Лавовите имаат потреба да покажат дека тие го имаат главниот збор, а косата им се крева и од самата помисла за компромис, затоа што мислат дека така ќе го загубат сопствениот идентитет и вредноста.

Девица

Имајте предвид дека ова се луѓе што имаат потреба сè да биде во совршен ред и под контрола, па ова се однесува и на љубовните врски.

Ако живеете со Девица, брзо ќе сфатите дека тоа се перфекционисти кои постојано се плашат од несовршености, неред и воопшто од тоа да ја загубат контролата од сопствените раце.

Често се опседнуваат и се трудат да ги поправат сите несовршености: во животот, кај себе, но и кај партнерот. Имајте предвид дека овие луѓе постојано ќе се трудат да ве поправат, а најголем страв им е дека нема да успеат во тоа.

Тие сакаат често да го имаат главниот збор и нивното мислење да се цени, па заради тоа може да ви се чини дека бараат премногу од вас или дека се премногу критички настроени.

Вага

На Вагите им се крева косата на глава од самата помисла на конфликти.

Кога сте во врска со нив, ќе сфатите дека тоа се луѓе што секогаш се трудат да бидат медијатори и да помогнат да се смират страстите кај завојуваните страни.

За нив, самата помисла дека треба со некого да влезат во вжештена дискусија е вознемирувачка и почесто може проблемите да ги стават под тепих, отколку да ризикуваат да го нарушат мирот во домот.

Понекогаш ова може да биде добра особина, но понекогаш и лоша – затоа што проблемите се трупаат, а до вас имате партнер кој не сака да разговара, само за да избегне расправија.

Скорпија

Важат за мошне лојални луѓе, на кои им треба многу време да ги залечат раните доколку се соочат со неверство или неискреност во врските.

Затоа тие најмногу се плашат дека партнерот ќе ја изневери нивната доверба, или пак ќе ги напушти.

Нивната потреба за комплетна искреност и отвореност понекогаш ви се чини дека ги надминува сите граници, а не можат да ги простат ниту најмалите знаци на неверство.

За нив вистинска ноќна мора е самата помисла дека може да бидат изневерени од личноста на која ѝ го дале целото срце, па тоа им предизвикува и најголема анксиозност во врските.

Стрелец

Познато е дека се авантуристи, на кои многу им значи независноста, па стануваат анксиозни кога ќе помислат дека треба да останат врзани во едно место.

Најголем страв им е дека ќе треба целосно да се посветат на партнерот и дека заради тоа ќе ја загубат независноста.

Стравуваат дека ако влезат во врска тоа ќе ги ограничи и нема да им дозволи да заминуваат на спонтани патувања, па ќе треба постојано да ги задоволуваат потребите на партнерот.

Никогаш нема да се чувствуваат удобно во врската во која треба да се откажат од тоа што се и од тоа што го сакаат само за нивниот партнер да се чувствува посигурен.

Јарец

Тие се практични луѓе, кои се посветени на кариерата, а познато е дека постојано се опседнуваат со тоа што мислат за нив другите луѓе и сакаат да имаат беспрекорен углед во општеството.

Нивен најголем страв е дека врската нема да успее и дека потоа угледот ќе им биде нарушен.

Затоа што постојано стравуваат дека партнерот ќе ги спречи во напредокот и подобрувањето на статусот во општеството, тие најчесто влегуваат во врски со луѓе кои треба да ги задоволат нивните високи стандарди.

Не си дозволуваат да ги покажат емоциите и преферираат да носат одлуки со главата, а не со срцето.

Водолија

Водолиите се плашат од емоции и чувствителност. Тие важат за луѓе кои се мошне затворени, па наликуваат на „роботи“.

Нивниот најголем проблем им е тоа што се плашат да се отворат и да се поврзат со луѓето на повисоко ниво.

Страв им е од длабоки и ирационални чувства, коишто подоцна ниту самите не можат да си ги објаснат. Затоа, Водолиите често делуваат непристапни.

Нивната тајна е дека всушност се плашат да го отворат срцето и да бидат повредени, затоа кога сте во врска со нив треба да бидете подготвени дека ќе ве држат на дистанца и ќе ве убедуваат дека мошне им е важно да ја задржат независноста, но ретко ќе ризикуваат да дозволат да станат емотивно поврзани и да ви дозволат да ги повредите.

Риби

Ако во моментов сте во врска со Риби (или ако некогаш сте биле), треба да знаете дека тие најмногу стравуваат од помислата дека срцето може да им биде скршено.

Тие се мошне чувствителни луѓе и романтичари, па се плашат од можноста дека нивната врска нема да успее, дури и ако го дадат целото свое срце.

Заради овој страв често избегнуваат конфронтации и тешки разговори, па подготвени се да проголтаат голем број неправди само за да го зачуваат мирот и да ја избегнат болката.

Наместо отворено да излезат и да кажат што ги мачи, рибите може со години да ги собираат нездравите емоции во себе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.