Хороскопскиот знак Вага (латински: Libra, грчки: Ζυγός) го носат оние коишто се родени помеѓу 23 септември и 22 октомври. Со овој знак владее планетата Венера. Симболот Знакот на вагата сугерира вага, амблемот на правдата, или мост.

Ова се осумте карактеристики на жените родени во знакот на Вага

1. Можат да ве шармираат кога и како сакаат

Жените Ваги се познати како неверојатно шармантни личности, бидејќи се многу досетливи и имаат одлична смисла за хумор. Нив ги сакаат сите луѓе, бидејќи тие знаат да го прилагодат својот шарм на секоја личност и во секоја ситуација. Тие едноставно сакаат другите луѓе да ги сакаат, па затоа се одлични во „читањето“ на луѓето и прилагодувањето на нивниот карактер.

2. Неодлучни се

Вагите нема да се она што се ако не се неодлучни и ако постојано не мислат дали нешто да направат или пак да кажат не. Иако оваа особина може да им помогне при решавањето на некои конфликти, од друга страна пак, може да претставува вистинско мачење кога треба да се донесе одлука. Нив никогаш не треба да ги прашувате да изберат помеѓу две работи, туку е неопходно да ги ставите пред совршен чин.

3. Тие се вистински дипломати

Ако сакате да смирите некои ваши блиски луѓе, во тоа задолжително ангажирајте ги жените Ваги. Тие се неверојатно мирни, па со самото тоа идеални личности за решавање на сите можни конфликти. Тие секогаш ќе пронајдат заеднички јазик со другата страна и нема да дозволат ниту најмала ситница да прерасне во конфликт, а конфликтот во голема расправија.

4. Ги почитуваат правичните и праведните личности

Никој не ги сака повеќе правичните и праведните личности, ниту пак ги цени повеќе од жените Ваги. Едноставно, тие се тип на личност кои секогаш настојуваат да одржуваат фер и коректни односи со другите луѓе, кои не ја сакаат неправдата, а уште помалку луѓето кои се неправедни. Доколку сакате да се дружите или забавувате со жена Вага, овие две особини мора да ги поседувате.

5. Премногу се интелигентни

Жените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста.

6. Тие се големи естетичари

Вагите, а особено жените Ваги се големи естетичари и имаат око и за најситните детали. Па затоа, тие најчесто се занимаваат со некој вид уметност, а доколку тоа не им е работа, тогаш како по правило им е хоби.

7. Обожаваат да флертуваат

Ако може да се каже за некој хороскопски знак дека сака да флертува и многу дека ужива во тоа, тогаш тоа дефинитивно се Вагите. Било да се врзани или пак не, Вагите секогаш ќе флертуваат, бидејќи едноставно тоа е појако од нив. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите Вагите не се ниту свесни дека флертуваат, туку тоа го забележуваат откако другата страна ќе им даде повратна реакција.

8. Секогаш се смирени

Вагите не се ниту малку импулсивни, па никогаш нема да ги видите како „полудуваат“ или да се толку нервозни за да не можат да го скријат тоа. Едноставно, тие пронаоѓаат излез во секоја ситуација и се обидуваат да не прават голема драма околу тоа. Меѓутоа, и тие имаат свои луди минути и тогаш би било најдобро да стоите подалеку од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.