Астролозите тврдат дека денеска светот се реконфигурира, се старо се руши и веќе нема враќање. Сега најважно е да го најдете сопствениот став, јасност, точноста на делување и многу е важно целосно да ги исклучите надворешните извори на пречки, како би сте ги сочувале јасните мисли и здравје.

На 25 октомври почнува важна подготвителна фаза. Се што ќе направите денеска, ќе има силно влијание на наредните неколку години. Поради тоа денеска треба да бидете посебно одговорни, а овој период ќе трае до 8 ноември.

Важно:

Се што ќе правите од 25 октомври до 8 ноември ќе се одрази врз вашиот раст и развој

Се што ќе направите за себе, ќе ви помогне да станете уште подобри, поголеми и попаметни

Поради тоа  многу е важно да ги одредите правите намери, цели, листа на желби. Едноставно напишете ја својата цел и направете ги првите чекори, направете нешто важно во тој правец, размислете и тргнете!

Избегнувајте оговарање и не ги валкајте мислите со трачеви.

Не дозволувајте ситуацијата на работа да ве оптовари-само замислете дека тоа е работа и дека таму сте половина ден, а дека дома ве чека вистинскиот живот.

Со партнерот подгответе се за расправам караница и докажување надмоќ. Доколку не сакате сериозни проблеми, избегнувајте препирки.

Од денеска до крајот на помрачувањето, кое трае до 8 ноември, најдете си некое интересно хоби или цел која ќе ви го окупира вниманието и ќе ве оддалечи од вести, хистерични луѓе, стравови, манипулации

Само така ќе заштедите енергија и ќе го ослободите својот креативен потенцијал и ќе го повикате убавиот живот.

Предизвик:

Во овој период од 25 октомври до 8 ноември, обидете се да не критикувате и не оговарате никого. И запаметете: Како зрачиш, така привлекуваш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.