Љубовниот хороскоп открива дека во 2023 година се можни бројни промени во врските, па многу заљубени парови ќе сакаат да ја подобрат својата врска, да развијат планови за иднината, семеен бизнис, преселба или проширување на семејството. Можно е 2023 година да биде период на големи одлуки, промени и пресврти.
Дознајте што носи 2023 година за вашиот хороскопски знак според краткиот годишен љубовен хороскоп на рускиот астролог Тијана Атлас.
Овен
Во првата половина од годината имате одлична можност да ја запознаете вашата љубов или да ја официјализирате врската што неодамна ја започнавте. Главната задача е да се фокусирате на личноста што ви се допаѓа и да ги покажете своите емоции.
Бик
Ве очекува подобрување на љубовниот живот со оглед на тоа дека во последните неколку години и немавте многу среќа на овој план. Она што ќе започне во 2023 година ќе има влијание и врз иднината. Кон крајот на март и мај може да се случат судбоносни средби, а врската ќе се зацврсти во летото.
Близнаци
Ова ќе биде година на огромни промени во личниот живот. Така, несериозните потенцијални партнери можат да ги покажат своите вистински намери. Колку побрзо тоа ќе се случи, толку побрзо ќе запознаете вистински, искрени луѓе со кои можете да изградите долгорочни врски што ги заслужувате. Најповолни месеци за љубов се: април, мај и ноември.
Рак
Почетокот на годината ќе биде напорен за вас. Ќе треба да решите многу прашања поврзани со кариерата или роднините, но од средината на март љубовта ќе тропне на вашата врата. Сè на сè, ве очекува сезона на поволни промени, доволно е да го слушате вашето срце.
Лав
Ве очекува интересен период, особено на љубовен план. Во текот на изминатите две години, многумина од вас доживеаја тешки моменти, па дури и раскинаа со своите партнери. Сепак, веќе од почетокот на 2023 година ќе имате можност да искусите нова романтична бајка. Освен тоа, летото ќе биде особено жешко и страсно и ништо нема да ви здодее.
Девица
2023 година ќе ви донесе можност да го анализирате вашиот однос со партнерот. Тоа значи дека конечно ќе расчистите со луѓето кои не ги поддржуваат вашите планови за живот. Втората половина од годината ќе биде поповолна на љубовен план, а октомври ќе стане особено богат со романса.
Вага
Наредната година ќе биде поволна за љубов и романса, но првата половина ќе бара од вас да ги развиете вашите преговарачки вештини. Летото ќе биде помалку продуктивно во однос на врските, а особено пријатен ќе ви биде крајот на годината.
Скорпија
За вас промената во врските ќе заврши во мај, а потоа ќе започне помирен период. Ќе наидете на многу судбински лекции. Меѓу другото, за време на летото 2023 година, но и во текот на целата година ќе ги имате сите шанси да изградите хармонична врска.
Стрелец
Првата половина од годината ќе ви биде попродуктивна на љубовен план. Доколку ја барате вашата сродна душа, тогаш слободно планирајте посета на разни интересни настани. Промените ќе настапат толку брзо што на почетокот ќе ви биде тешко да сфатите што се случило.
Јарец
Во 2023 година за вас започнува пријатен период кога за прв пат по многу години ќе можете да се опуштите и да ужива во резултатите од својата работа. Со почетокот на пролетта и првите топли сончеви зраци, ќе почувствувате како романтичните искри ја топлат вашата душа.
Водолија
Почнувајќи од март, ќе почувствувате како сè повеќе расте копнежот за љубовта. Не само што ќе редите успеси во поглед на кариерата и достигнувањата туку и ќе бидете особено привлечни. Освен тоа, конечно ќе успеете да стапите во контакт со личноста која ви се допаѓа.
Риби
Ќе имате можност не само да запознаете партнер со кој можете да живеете долг и среќен живот, туку и веднаш да ја официјализирате врската, особено почнувајќи од летото 2023. Доколку, пак, продолжите да ја барате сродната душа, имајте на ум дека оние кои се несериозни обожаватели и кои не се подготвени да ви го дадат своето срце, ќе исчезнат од вашиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.