Овен
Кај нив мора сѐ и веднаш! Нема одложувања, нема чекање. Овните, едноставно, мораат да го добијат тоа што го сакаат. Доколку им покажете дека и вие сте секогаш подготвени за акција, веднаш ќе паднат на вас. Тоа е нивниот афродизијак за Овните – партнер којшто сѐ и сака веднаш. Пред им се препуштите на страстите, но и потоа, можете да ги служите со варено вино со цимет и коцка квалитет темно чоколадо. Уживаат.
Бик
Сите сетила мора да се разбудени и задоволни. Масажа со етерични масла, темјан покрај креветот, пралини, чоколадо со алкохол… Мора сè да е најдоброто од понудата. За нив квалитетот е афродизијак, ништо не смее да биде половично и брзински.
Близнаци
Долги телефонски разговори, додворувачките СМС-пораки ги возбудуваат Близнаците. Сепак, особено е важно и за што ќе се разговара. Тие не сакаат празни муабети, туку дебати. За нив интелигентните луѓе се афродизијак. Ако ментално го задоволите, за другото е лесно.
Рак
Задоволете го во неговиот дом. Направете да се чувствува удобно. Бидете сигурни дека ќе направи сè да биде удобно, лесно и опуштено. Долгата предигра, добрата музика и вниманието се нештата што го возбудуваат Ракот. Тие се нежни, но исто така и напнати, па треба да им го задржите вниманието. Подгответе храна што знаете дека им е омилена и не експериментирајте со вкусовите. Истото важи и за вино – добро распрашајте се што сака пред да купите вино за вашата вечера.
Лав
Давајте им комплименти. Пофалбите се афродизијак за нив. За Лавот секогаш треба да се трудите. Кога не е во центарот на вашето внимание, ниту ќе сакаат, ниту посакуваат. В кревет, слободно препуштете им се, тие имаат голема самодоверба и знаат што прават при секс. Се разбира, сакаат скапи пијалаци и чоколада со врвен квалитет, а за подарок може да биде и нешто ситно, но да биде луксузно и да биде од срце дадено. Бидете сигурни дека двојно ќе ви вратат.
Девица
Сè мора да биде чисто и совршено. Придушената светлина и тивката музика се афродизијак за нив. Потрудете се да им угодите. Внимавајте и на најмалите ситници, а тоа што ги инспирира се интелигенцијата и духовитоста. Не се материјалисти, туку перфекционисти.
Вага
Нежноста, сензуалноста и романса се главните карактеристики на овој знак. Обезбедете им убава постелнина, свилена долна облека, предигра и ќе бидат ваши. Сакаат слатки, уживаат во храната, но не се пребирливи. Подгответе им го тоа што најдобро го знаете и ќе бидат воодушевени дека сте се потрудиле за нив.
Скорпија
Секогаш подготвени за флертување и заведување и ништо не ги запира. Имаат фетиши, но ќе морате да се потрудите сами да ги откриете. Тие се мистериозни, тешко се задоволуваат, поради што ќе морате повеќе да се потрудите. Важно е да им се посветите на нивните потреби, дури и ако претеруваат во барањата. Полни се со имагинација и страст, а вие сѐ што треба да направите е да изберете добра долна облека. Тоа е нивниот афродизијак.
Стрелец
Слобода, разврат, секс на отворено, сето тоа претставува афродизијак за овој лик. Здодевноста им е најголем непријател, поради што морате постојано да бидете креативни и иновативни. Овие вечни деца сакаат да се забавуваат, па затоа дозволете им го тоа, за да не отидат во некој „туѓ“ забавен парк.
Јарец
Предизвикот и чекањето се најголемиот афродизијак за овој знак. Потрудете се да има разгорите фантазијата. Нивното мото е: „Сè што е брзо е и кратко“. Ја ценат посветеноста. Сакаат варено вино, вкусни колачи и забава.
Водолија
Слободата им е најважна, а ним мора постојано да им нудите нешто ново и поразлично. Сакаат секс на необични места, па затоа сѐ што е егзибиционистичко и во неверојатни пози е совршено за нив.
Риба
Вистински афродизијак за ова е знак на доброто вино, мирисливите свеќи, лесната вечера, а сакаат да се релаксираат со добар филм или добра музика. Не вршете им каков било притисок. Сакаат да им се задоволуваат желбите и фантазиите. Добра долна облека, чорапи со жартиери… и рибите веќе се ваши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.