Кога станува збор за љубовта, секој од нас има различни потреби. Некои луѓе често се заљубуваат во луѓе кои се постари од нив. Тие обично веруваат дека позрелите поединци можат подобро да ги разберат и да им обезбедат сигурност. Во астрологијата, се верува дека луѓето родени во овие знаци често избираат постари партнери за брак и врска.
Јарец
Јарците се одговорни и совесни, а нивната работа често е на прво место. Ним им треба партнер кој може да го разбере тоа. Овие луѓе отсекогаш биле посериозни од своите врсници. Имаат силно чувство за одговорност, па секогаш работеа напорно додека другите се забавуваа. Постар и позрел партнер може да ја цени нивната амбиција и посветеност на работата.
Бик
Биковите се мирни и присебни, па би сакале покрај себе да имаат некој кој може да им обезбеди сигурност. Тие се мирни и опуштени луѓе кои претпочитаат да поминат пријатна вечер на каучот отколку да излезат во ноќен клуб. Затоа често сакаат некој постар кој како нив сака мирен живот без многу драма и кавги, но исполнет со љубов и разбирање.
Рак
Раковите се чувствителни и им треба многу внимание и љубов во врската. Иако сакаат да се грижат за другите, тие исто така сакаат да бидат разгалени и згрижени. Безбедноста е најважната точка во нивната врска. Раковите често наоѓаат постар партнер затоа што некој таков обично е зрел и доволно составен за да се грижи за нивните емоционални потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.