За четирите знаци од хороскопот 20 август ќе биде вистинска пресвртница, а еве што им велат ѕвездите! Овенот, Ракот, Вагата и Јарецот ќе доживеат големи промени во љубовта, работата и нивните најдлабоки чувства.

ОВЕН
Сабота, 20 август е денот кога ќе откриете „нова“ работа за себе. Не, вие не сте натприродно суштество и нема смисла да очекувате нереални достигнувања од себе. Дојде време да ја прифатите сопствената човечност, да разберете кои се вашите ограничувања и да престанете да си ги припишувате себеси како маани или слабости. Вашиот круг на пријатели ќе ви помогне да дојдете до тоа откровение. Ќе се изненадите колкава промена ви доаѓа кога ќе престанете да се обвинувате себеси за се.

РАК
Доаѓаат подобри времиња за вас по тежок период, а 20 август е денот кога тоа сигурно ќе го сфатите! Хороскопот открива дека конечно ќе успеете да се ослободите од некој голем товар од минатото, кој со години го носите со себе и кој не ви дозволува да напредувате. Ќе ја почувствувате најголемата промена во работата.

ВАГА
За вас, космичката промена ќе се одрази во форма на голема верба во себе! Ќе престанете да се сомневате во вашите способности, конечно ќе се разбуди вашето внатрешно, непогрешливо чувство и ќе следи период за вас во кој ќе се чувствувате како магионичар! Проблемите исчезнуваат, луѓето кои ве нервираат конечно ве оставаат на мира, а во љубовта пристигнува ново познанство кое ќе ве собори од нозе!

ЈАРЕЦ
Хороскопот за 20 август предвидува промена која ќе ве придвижи на акција. Поминавте долг период размислувајќи, вагајќи, стратегизирајќи го секој дел од вашиот живот, сега на тоа му се ближи крајот. Конечно се префрлате од фазата на размислување во фазата на акција, а добрите работи ви доаѓаат за само неколку недели – но клучно е да ги започнете на 20 август!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.