Овен
Љубов:
Вашето расположение може да се разбере на различни начини, а партнерот нема многу разбирање за вашите изговори.
Работа:
Добивате погрешни информации за деловните можности. Избегнувајте прекумерно расфрлување кога се среќавате со соработниците.
Здравје:
Ќе ви годи излегување или средба со пријателите.

Бик
Љубов:
Некој ви дава до знаење дека ја очекува вашата безрезервна посветеност и ги отфрла интригантните ситуации низ кои поминувате.
Работа:
Повнимателно анализирајте ја вашата околина и соработниците, треба да бидете добро информирани за различни деловни аспекти.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.

 

Близнаци
Љубов:
Треба да ги исфилтрирате чувствата и мислите, да побарате нечие разбирање за грешките што сте ги направиле.
Работа:
Преферирате работни места кои не носат практични придобивки. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и емоционално ривалство.

Рак
Љубов:
Почнува да ви пречи нечие присуство или провокативно однесување. Сакате да управувате со целосна ситуација во емотивната врска.
Работа:
Понекогаш е тешко да се препознае тим што победува и страна што губи. Збунети сте од одговорите што ги добивате од соработниците, бидејќи секој има своја верзија на приказната.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.

Лав
Љубов:
Некој ве поттикнува да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, знаете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание.
Работа:
Одбивате да прифатите нечија улога во преговорите, не сакате да бидете надвор од главните случувања на деловната сцена.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, ќе ви годи прошетка.

 

Девица
Љубов:
Понекогаш одредени „ситници“ откриваат повеќе од речениците кои постојано се повторуваат. Повнимателно анализирајте ја саканата личност.
Работа:
Важно е правилно да ги заштитите вашите деловни интереси. Поставете јасна граница до која сте спремни да преземете одговорност.
Здравје:
Избегнувајте некои лоши навики.

Терезија
Љубов:
Се грижите без вистинска причина, вашата сакана личност не сака да ви ги доверува мислите. Но, постапките многу зборуваат за нечии чувства.
Работа:
Без разлика на вашата интелектуална снаодливост и ефикасност, постојат работи кои не се вклопуваат во вашата деловна проценка.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.

Скорпија
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „подобар дел од реалноста“.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации, па вашите предвидувања изгледаат неубедливо. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.

 

Стрелец
Љубов:
Ви се чини дека партнерот има различни интереси. Залудно трошите „големи зборови“ објаснувајќи ги вашите намери.
Работа:
Секој има право на свое мислење или избор на приоритетни цели, но треба да се одржува успешно ниво на деловна соработка.
Здравје:
Потребно ви е добро охрабрување и позитивен импулс.

Јарец
Љубов:
Желбите кои ги имате не се недостижни, но бараат дополнително трпение и голема упорност пред саканата личност.
Работа:
Пребирливоста понекогаш е позитивна особина, затоа не дозволувајте некој да ја промени вашата.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.

Водолија
Љубов:
Изгледате вознемирено, се воздржувате пред личност која не се грижи за вашите чувства или не го почитува зборот.
Работа:
Некој ве става во неблагодарна ситуација, чувствувате потреба да ги браните вашите права или деловни и финансиски интереси.
Здравје:
Обидете се да ја контролирате импулсивната страна на вашата природа.

 

Риби
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „подобар дел од реалноста“.
Работа:
Деловното недоразбирање што го имате со една личност може да ве доведе во непријатна ситуација. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.