Пролетта ќе донесе многу љубов, топлина, нова енергија и искрени емоции. Ве очекуваат нови можности кои можат да ви го подобрат квалитетот на животот. Конечно е време за промени во поглед на кариерата – можеби ќе одлучите да ја смените професијата или ќе ја претворите вашата идеја во интересен проект. Позитивни промени се очекуваат и во поглед на психофизичкото здравје – вежбањето, здравите навики и менувањето на исхраната ќе придонесе да имате повеќе енергија. Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно за оваа пролет.
Овен
За вас е важно да знаете дека нема потреба од брзање иако имате многу идеи и планови. Морате да го земете предвид фактот дека околностите нема секогаш да се развиваат поволно. Доволно е да останете смирени за време на конфликтните ситуации. Од огромно значење е да ги поставите вашите приоритети и да им се посветите на работите кои ви се најважни во животот. Стекнатото искуство ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Пролетта ќе биде одлично време да преземете иницијатива во бизнисот, да преземете иницијатива за нови проекти или да се посветите на усовршување на некои од вашите способности. Организирајте го своето време доколку сакате да ги избегнете стресните ситуации.
Бик
Пролетта ќе биде одлично време за да се посветите на интроспекција. Ќе почнете да забележувате многу работи на кои досега не сте посветувале внимание, а тоа ќе ви помогне да дојдете до вистинските заклучоци. Вашиот труд, но и околностите ќе ви помогнат да постигнете успех. Со текот на времето станувате позрели и знаете добро да ја процените ситуацијата, а во меѓувреме станувате свесни дека не ви треба нечие одобрување. Пролетта ќе ви донесе нови можности и пријатни изненадувања кои ќе се однесуваат не само на професионалниот туку и на приватниот живот. Искористете ја вашата генијалност и снаодливост за да ги претворите најлудите соништа во реалност.
Близнаци
Ѕвездите ќе бидат на ваша страна оваа пролет. Благодарение на нивната поддршка, ќе можете да се справите со она што ви се чинеше исклучително тешко минатата година. Ве очекуваат и невообичаени средби и нови познанства. Тоа ќе придонесе за значително да го проширите вашиот социјален круг, а некои деловни партнери ќе ви станат и пријатели. Март и април ќе бидат прилично стресни, но мај ќе ви биде најуспешниот месец.
Рак
За вас периодот од март до мај нема да биде особено тежок, но во секој случај бидете претпазливи и разумни. Обидете се да не очекувајте премногу од другите и не задоволувајте се со лесните победи. Ве очекуваат поволни промени во личниот живот, но и успех во кариерата. Доволно е да бидете истрајни и доследни на своите принципи. На почетокот ќе ви биде тешко да смените некои стари навики, но штом еднаш ја напуштите вашата удобна зона ќе бидете подготвени за новите предизвици.
Лав
На многумина од вас ќе ви биде потешко да ги остварите вашите цели отколку што мислевте на почетокот. Честопати ќе треба самите да се справувате со важни прашања. Доколку сте подготвени да ги признаете вашите грешки, промените ќе настапат полесно. Работите полека ќе се вратат во нормала, а добра вест е дека финансиската состојба значително ќе се подобри. Можно е и конечно да ги отплатите старите долгови.
Девица
Во март треба да го насочите вниманието кон спроведување на долгорочни планови. Само доколку сте истрајни ќе можете да се справите со пречките на кои ќе наидете. Ќе ви стане јасно кои се вашите приоритети, а ѕвездите ви ветуваат успех на професионален план. Тоа ќе биде можно и доколку ги обновите старите деловни контакти, нои ако започнете нови проекти. Не плашете се од можни загуби бидејќи до крајот на мај ќе повратите сè што сте изгубиле.
Вага
Доколку не престанете да се фокусирате на споредните работи, голема е веројатноста дека нема да можете да им се посветите на приоритетите. Обидете се да се држите настрана од решавање на туѓите проблеми, иако ви се чини дека го имате решението. Март ќе биде најповолен период за воспоставување комуникација со другите и тоа дури и со оние кои имаат спротивставени гледишта од вашите. Можно е да се отворат нови професионални хоризонти, а и семејниот живот ќе стане похармоничен.
Скорпија
Поради неочекувани пречки или неповолни околности, ќе ви биде тешко да остварите сè што сте замислиле оваа пролет. Обидете се да не се нервирајте, но анализирајте ги одново вашите приоритети при што ќе се фокусирате на најважните работи. Не занемарувајте ги и малите случки – сето она што сега ви се чини безначајно, подоцна може да игра важна улога. Кога-тогаш ќе ги доведете работите во ред. Оваа пролет ве очекуваат и многу возбудливи искуства.
Стрелец
Од март до мај ќе имате можност лесно да ги решите проблемите кои ве мачеа досега. Голема е веројатноста дека ќе почнете да го правите она за кое бевте заинтересирани долго време. Март ќе биде понапорен месец, но доволно е да се фокусирате на она што ви е најважно. Април пак, ќе биде инспиративен, дарежлив и полн со нови можности. Во април ќе ви биде исполнета и вашата долгогодишна желба поврзана со саканата личност, а ќе ја стекнете довербата и почитта и од колегите.
Јарец
Пролетта ќе ви биде успешна доколку сте подготвени да донесете важни одлуки и да преземете одговорност. Наместо да го одложувате решавањето на проблемот за подоцна, подобро е веднаш да започнете со работа. Можно е да добиете поддршка и од влијателни луѓе со кои ќе ги споделите вашите идеи. Сепак, во март и април, ѕвездите ви препорачуваат повнимателно да ја слушате сопствената интуиција. Не занемарувајте го вашиот сопствен глас. Можни се неочекувани предлози поврзани со големи промени во животот.
Водолија
Како што наближува пролетта, така ќе се зголемуваат вашите цели во поглед на кариерата. Сепак, обидете се да ги разграничите реалните опции и илузиите и да не преземате премногу ризици. Март ќе биде период кога ќе расчистите со негативните спомени од минатото. Тоа ќе ви донесе нова енергија за постигнување на вашите цели. Простете си за грешките што сте ги направиле порано, заблагодарете ѝ се на судбината за стекнатото искуство и храбро продолжете понатаму.
Риби
Во овој период ќе биде особено важно да останете смирени докрај и да не се нервирате поради ситници. Фокусирајте се на она во кое сте добри. Сепак, бидете претпазливи во однос на другите. Можеби ќе треба да им помагате на колегите, да извршувате дополнителни обврски, па дури и да исправате туѓи грешки. Ова може да доведе до непријатни емоции и затоа обидете се да бидете колку што е можно потрпеливи. Бидете позитивни и вредни за побрзо да го постигнете успехот за кој сонувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.