Астролозите истакнуваат дека во октомври не очекуваат планетарни случувања кои многу ќе влијаат на нас. Според астролозите, 2 и 8 октомври се најсреќните денови во првата половина на овој месец.
2 октомври
Меркур излегува од ретроградната фаза и тргнува директно. Конечно доаѓа крај на сите тешкотии предизвикани од долгиот период на ретроградно движење на Меркур. Се соочивме со погрешни информации, неисправности, грешки, но од 2 октомври ова влијание полека почнува да бледее. Иако се уште ќе бидеме под влијание на постретроградната сенка, комуникацијата веќе ќе биде значително подобра. Ова е најдобриот ден во месецот да си поставите цели за иднината и да ги направите првите чекори кон нивна реализација.
8 октомври
Плутон излегува од ретроградна состојба – Од овој ден ќе имаме можност да ги прошириме нашите лични можности, внимавајќи како се мотивираме, откривајќи што треба да направиме за да го постигнеме она кон што се стремиме. Време е да станеме свесни за тоа што не спречува да напредуваме. Кога ќе се соочиме со нашите стравови и комплекси и ќе одлучиме да се промениме, ќе сфатиме дека имаме многу повеќе моќ за оваа трансформација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.