Позицијата на планетите во текот на септември ќе биде генерално поволна, па така хороскопските знаци нема да имаат големи тешкотии. Но, астролозите предупредуваат да внимаваме на овие два датуми.
10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур
Сè додека Меркур се движи во спротивната насока, зголемен е ризикот од неволји на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Тоа ќе трае до 2 октомври, но треба посебно внимание да обратиме на денот кога ќе започне, 10 септември. Тогаш, најважно е да не се впуштате во никаков финансиски ризик бидејќи сигурно ќе загубите. Меѓу другото, со оглед на тоа дека Меркур е планета на комуникацијата, во следниот период се очекуваат недоразбирања и невистини. Верувајте им само на проверените факти. Астролозите исто така ви препорачуваат да не тргнувате на пат на 10 септември.
На овој ден нè очекува и друг негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Станува збор за неповолна ситуација која може да доведе до внатрешна нерамнотежа. Со други зборови, на тој ден ќе ви биде тешко да им се посветите на работните обврски и да постигнете каков било договор.
26 септември – Меркур во конјункција со Венера
Кога овие две планети ќе се спојат, т.е. ќе се најдат на иста страна со Земјата, можат да предизвикаат големи неволји во сите аспекти од животот. Така, на тој ден многумина ќе ја изгубат желбата и волјата за работа и напредок. Освен тоа, големи се шансите за развој на апатија и депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.