ОВЕН
Имате добри намери да завршите повеќе од вашите задачи денеска, иако имате желба и за забава. Некои од вас самите ќе го откријат своето ново поле, на кое ќе ја посветат својата енергија, но со задоволство. Денот е поврзан и со придобивки, како нов дом или други посакувани нешта.

БИК

Потиснете ја вашата иритараност, доколку ја имате, и гледајте благонаклоно на хорската несовршеност. Не можете да живеете само во стрес. Искористете го вашето време за да се опуштите, правете го она што ви носи релаксација и задоволство. Повеќе насмевнувајте се, на тој начин и ќе си го олесните животот.

БЛИЗНАЦИ
Не препуштајте му се на вашето мрачно расположение. Ќе бидете среќни да дознаете колку луѓето околу вас ве ценат и сакаат. А вашиот суптилен хумор е импресивен и привлечен.

РАК
Се посветивте на обврските а тоа бара и да се фокусирате на нив. Потребно е многу работа, но резултатите ќе ве задоволат. Имајте разбирање за проблемите на другите. Веста за саканата личност пријатно ќе ве изненади. Вашата нагласена загриженост кон некого може да предизвика несакан ефект. Бидете природни.

ЛАВ
Патувањето што го планирате треба да биде многу добро организирано за да не бидете изненадени и разочарани во исто време. Не дозволувајте нервозата да им го уништи пријатниот помин на сите. Љубовта ви создава проблеми од кои повеќето се по ваша вина. Време е да ја сфатите сопствената одговорност.

ДЕВИЦА
Времето е погодно за учество во здруженија и заеднички иницијативи. Погрижете се да се вклучите во проект со меѓународно учество. Ќе биде тоа добар погодок. Не плашете се од претстојните професионални настапи. Покажете ја вашата одговорност и ќе победите. Наместо да подлегнувате на интригите од колега препуштете се на интелектуални определби.

ВАГА
Имате волја и подготвени да се откажете од сѐ за да уживате во убавиот ден. И нема да згрешите, ослободувајќи се од грижите кои ве оптоваруваат, ќе направите простор за работите кои ви се навистина важни. Ќе ги преосмислите другите и ќе ги преуредите вашите приоритети. А тоа е основното, бидејќи со тоа започнувате подобар период во вашиот живот.

ШКОРПИЈА
Обидете се да не обрнувате внимание на тривијалните работи со кои другите се обидуваат да ви попречат. Ќе треба да обрнете внимание на нешто што може да ви помогне многу полесно да ја завршите важната обврска. Вашите контакти денеска ќе бидат многу плодни. Постепено ја стекнувате потребната самодоверба.

СТРЕЛЕЦ
Ќе ги усогласите вашита надворешни пројави со вашите духовни потреби и на тој начин ќе ги направите повпечатливи. Доброто рекламирање е вашата најголема придобивка денеска. Очекувањата на деловните луѓе ќе се доближат до реалноста, само со малку исклучоци. Некои од вашите дела ќе ве исправат пред изборот којшто треба да го направите денеска.

ЈАРЕЦ
Бидете свесни за впечатокот што им го оставате на другите. Ако сакате да ве прифатат таков каков што сте, без лажна слика и лицемерие, тогаш бидете природни. Некои од вас ќе добијат понуда која вклучува финансиска обврска. Внимателно измерете ги добрите и лошите страни пред да донесете конечна одлука.

ВОДОЛИЈА
Вашите работи добро напредуваат. На секој проблем му пристапувате со зголемена одговорност. Пријатно е да се работи со вас. Најдете време и за вашите семејни обврски. Дали заборавивте нечиј роденден? Направете ги вашите најблиски среќни. Имате можност да направите нешто изненадувачки.

РИБИ
Многумина од вас времето ќе го искористат за одмор и забава во друштво на најблиските. Работите добро ќе ви се наредат и ќе бидете задоволни од она што се случува. Прифатете конструктивна критика од луѓето со кои работите. Има нешта за размислување и прилагодување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.