Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте.
Кариера
Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат.
Здравје и совет
Малите грижи уште повеќе се намалуваат.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно, но односите се површни.
Кариера
Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични, а можни се и грешки.
Здравје и совет
Размислете за своите достигнувања.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава.
Кариера
Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи, туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право.
Здравје и совет
Држете се до познатите навики.
Овен 21.3-20.4.
Љубов
Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри.
Кариера
Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства.
Здравје и совет
Немојте да бидете премногу дрски.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав.
Кариера
Некој сепак ќе мора да попушти, а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас.
Здравје и совет
Преоден пад на имунитетот.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места.
Кариера
Оние кои работат креативна работа, ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат.
Здравје и совет
Неопходно ви е релаксирање.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.
Кариера
Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени.
Здравје и совет
Верувајте му на вашето шесто чуло.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво.
Кариера
Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место.
Здравје и совет
Одете таму каде што ви е убаво.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате.
Кариера
Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете.
Здравје и совет
Подобрување.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма.
Кариера
Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник.
Здравје и совет
Вежбајте дисциплина.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи, а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата.
Кариера
Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате.
Здравје и совет
Потсетете се што е тоа што го сакате.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.
Кариера
Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика.
Здравје и совет
Ќе ви недостига сила , штедете се.
Бидете информирани следете не на Facebook
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.