ОВЕН
Ви претстои одличен ден за секакви преговори и договори околу почнувањето некои нови идеи и проекти. Можно е воспоставување нови деловни контакти. Немојте да бидете демонстранти кога ги презентирате своите идеи и не осудувајте го туѓото однесување освен ако нема добра причина за тоа. Имате лошо претчувство или потреба да ја проверите саканата личност. Изгледате напнато и сомнително. Треба да се ослободите од стресните ситуации, да се опуштите.

БИК
Бикови, наметнете се себеси, вашиот начин на организација, без разлика колку другите се обидуваат да ве попречат. Нема да ви се допаѓаат нечии идеи. Можете да смислите паметно решение и практично објаснување за вашите колеги. Ве очекува емотивно задоволство кое ќе ве исполни со позитивна енергија. Уживајте во вашето избрано друштво. Во добра психофизичка форма сте.

БЛИЗНАЦИ
Променливата атмосфера на полето на деловните активности ќе придонесе поголемиот дел од Близнаците да се расфрлани на повеќе правци. Обидете се прво да се фокусирате на најважните активности. Сепак, вашите идеи добиваат позитивен одговор. Ќе се грижите за постигнување поширока деловна афирмација и исполнување на различни критериуми за успешна соработка. Ако сакате нова возбудлива забава, искористете го вашиот шарм во согласност со емоционалната инспирација. Во одлична форма сте.

РАК
Ракови продолжува периодот на успешен ангажман во областа на деловните активности. Денеска ќе бидете без поголеми предизвици и препреки. Се наоѓате во необична деловна ситуација, имате впечаток дека некој од соработниците ги тестира вашите можности или трпение. Не дозволувајте да ве совлада бран на сомнеж или чувство на емоционална резигнација кон вашата сакана личност. Ќе уживате во психофизичка релаксација.

ЛАВ
Лавови, иако енергијата и мотивацијата не се спорни, денеска сепак треба да бидете трпеливи кога станува збор за носење важни одлуки поврзани со понатамошниот деловен ангажман. Вашата критичка природа или дополнителна упорност во деловните кругови се толкуваат на различни начини. Сепак, тоа нема да ве спречи да го кажете вашето мислење. Не заборавајте дека постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство.

ДЕВИЦА
Промената на некои околности на полето на реализација на деловните цели во текот на овој ден не треба да ви претставува некој поголем проблем. Се грижите да ги потврдите своите способности пред колегите, но не можете да се одлучите за најдоброто решение. Во љубовната врска добро се знае која е чија улога. Натерајте ја вашата сакана личност да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични. Треба да акумулирате позитивна енергија.

ВАГА
Ваги, ве очекува опуштен работен ден, без поголеми проблеми ќе ги завршите планираните обврски. Направете сè што е потребно за да комбинирате убаво со корисно во некои нови ситуации на деловен план. Внимателно избирајте ги зборовите пред постара личност. Бидете доволно имагинативни и смислете интересна забава за вас и вашата сакана личност. Поминете време заедно.

СКОРПИЈА
За повеќето Скорпии претстои прилично активен и динамичен ден. Повеќето од задачите може да се завршат со одлични резултати. Обрнете внимание на состаноците или интересни идеи што имаат значително влијание врз понатамошниот тек на деловната соработка. Обидете се да одржите оптимистичко расположение и доверба во партнерот.

СТРЕЛЕЦ
Денеска, позитивната атмосфера и добрата комуникација со деловното опкружување се доволна основа да бидете задоволни со успешното завршување на обврските. Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но порано или подоцна сè ќе си дојде на свое место. Ви недостига трпение, а на саканата личност ѝ недостасува храброст или импулс да се соочи со заедничките проблеми. Внимавајте на правилната исхрана и здравствената превенција.

ЈАРЕЦ
Јарци, ве очекува одличен ден на професионално поле. Добрата комуникација, разбирањето и поддршката од колегите, доколку работите во тим, ви дава одлични можности за напредок. Вие ги оценувате работите врз основа на нивната практична примена или нивната вредност. Со сета почит кон разумот, треба да го следите и вашиот „внатрешен глас“ или ритамот на чувствата. Направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

ВОДОЛИЈА
Водолии, во текот на овој ден ќе потрошите многу енергија пред се на комуникација и дискусии за идните деловни планови и нивното спроведување. Не претерувајте со истакнување на вашето знаење или способности на работа. Понекогаш малите детали одлучуваат за конечните резултати. Емоционалната ситуација се менува, но не треба да бидете „задушени“ во лажна надеж. Бидете внимателни пред да кажете нешто. Посветете ги вечерните часови на релаксација или вашето омилено хоби.

РИБИ
Би било мудро да ги спроведувате вашите деловни планови и идеи постепено, чекор по чекор. Ќе изгледате сомнително кога ќе се среќавате со вашите претпоставени. Доколку премногу се оддалечите од заедничките теми, ве очекуваат дополнителни компликации. Во одредени ситуации со вас страда некој близок, но вие тоа упорно го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист. Прекумерната грижа лошо влијае врз вашата концентрација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.